ReadiStep facebook twitter youtube

Тимот кој мисли на вашата иднина гимназија Алгоритам

Contact

Maja Levkovska, Advanced Placement Coordinator & Social Studies Curriculum Coordinator  389(0)2 3116750 majal@algoritam.mk

ReadiStep

Едукативен центар АЛГОРИТАМ

ReadiStep for students

имназија Алгоритам е дел од меѓународното семејство на College Board и акредитиран тест центар за администрирање на тестот ReadiStep.   ReadiStep е стандардизиран тест наменет за учениците од прва година но може да го полагаат и учениците од деветтите одделенија кои сметаат дека се подготвени да се соочат со предизвик. Тестот е дизајниран со цел да им овозможи на учениците да го покажат знаењето и вештините со кои го започнуваат својот средношколски образовен процес. Како индикатор за ученичката подготвеност, тој е мошне полезна информација за професорот и насока за понатамошното развивање и совладување на сето она што ученикот го пропуштил или недоволно го совладал. Резултатот од тестот претставува дополнителна алатка и за родителот кој осознавајќи ги вештините на своето дете многу полесно ќе може да го поттикне и насочи. Практично помагало за продлабочување на процесот на ученичкото насочување претставува планерот My Road кој бесплатно го добива секој ученик кој ќе го полага тестот. Овој планер е всушност он-лајн алатка со која ученикот започнува да го трасира патот кон успехот и од рана возраст размислува за своето понатамошно образование и креирање на цели за иднината. ReadiStep тестот се состои од вкупно 131 прашање кои ученикот треба да ги одговори за 120 минути. Прашањата се со различна тежина, и се на англиски јазик. Тестот содржи два дела: математика и англиски јазик. Делот математика се состои од 36 прашања, додека делот англиски јазик е разделен на две секции со вкупно 95 прашања. Во тестот се содржани прашања од веќе изучуван материјал. Во математичкиот дел се застапени прашања поврзани со операции, броеви, процент, веројатност, алгебра и геометрија. Делот англиски јазик содржи граматички прашања, вештина за критичко размислување при читање на текст, негово разбирање, резонирање и давање на точен одговор.

Секое прашање на тестот е со четири понудени одговори. Резултатот зависи само од точните одговори, за неодговорените прашања и прашањата на кои е даден погрешен одговор не се одземаат поени.

Тестот ќе се полага на 15 октомври 2014 год. во просториите на Гимназија Алгоритам. Цената на тестот е 1.350,00 денари.

ПСУ Алгоритам Центар ќе организира дополнителна настава за учениците кои ќе се пријават за полагање.

Доколку вашето дете е заинтересирано за полагање на ReadiStep тестот ве молиме да го пријавите најдоцна до 10 септември 2014 година. За сите дополнителни информации ве молиме обратете се кај координаторот за College Board програмата.