Продавач - демонстратор и продавач - телемаркетинг facebook twitter youtube

Продавач - демонстратор и продавач - телемаркетинг

business templates

Назив на програмата

Продавач

1.

Опис на програмата

 

После завршување на обуката која се состои од два модула, и успешно положениот тест, учесникот ќе биде способен да:
Прво ниво на сертифицирање: Продавач – демонстратор - презентира производи и истите ги продава на потенцијалниот купувач;
Второ ниво на сертифицирање: Продавач –телемаркетинг - подготвува документација, ги проверува изворите на информации, врши продажба преку каналите за електронска комуникација.

Обуката ќе биде организирана во два модула, односно во две нивоа:
прво ниво: Продавач – демонстратор и
второ ниво:
Продавач – телемаркетинг.

По завршувањето на првото ниво на програмата, учесникот ќе се стекне со сертификат за продавач – демонстратор.
После завршувањето на второто ниво од програмата учесникот ќе се стекне со сертификат за продавач – телемаркетинг.
Учесникот може да премине на второто ниво доколку го има завршено првото ниво и се има стекнато со сертификат за продавач – демонстратор или има најмалку двегодишно искуство како продавач – демонстратор.

Обуката вклучува теориски и практични часови преку кои учесниците ќе се стекнат со знаења, вештини и ставови потребни за оспособување да работат како продавачи – демонстратори (прво ниво), односно продавачи - телемаркетинг (второ ниво).
Првото ниво од програмата е во траење од 180 часови, а второто ниво е во траење од 120 часови.

Резултатите на постигнувањата на учесниците ќе бидат оценувани на крајот од процесот на обука и ќе се базираат на јасни поставени критериуми, кои гарантираат дека учесниците ги имаат потребните способности да работат како продавачи – демонстратори (прво ниво), односно продавачи - телемаркетинг (второ ниво).
Клучно во обуката е активно учество на учесникот во неа.
Процесот на обука ќе биде адаптиран согласно специфичните потреби на секој учесник.
Оценувањето на крајот од обуката ќе се спроведе со комбинација на пишан, устен и практичен дел.

2.

Цели на програмата

 

Учесникот во текот на обуката во целост ќе се стекне со следниве стручни компетенции:

Прво ниво: Продавач – демонстратор

  • Планирање и организација на продажба;
  • Развивање на претприемачките вештини и однесување;
  • Вештини за оперативна работа;

 

  • Надгледување на залихите и асортиманот на стоките;
  • Преземање на производите;
  • Подготовка на стоките за продажба;
  • Продажба на стоките;
  • Вршење на благајнички работи;
  • Воспоставување на доверлив однос со клиентите;
  • Рационално користење на енергијата, материјалите и времето;
  • Водење на континуирана грижа за квалитетот на извршените работи и услуги и совесно одговарање за нив;
  • Комуникација со соработниците, стручните служби и со потрошувачите;
  • Користење на соодветни информациско-комуникациски средства;
  • Водење грижа за безбедноста и заштитата при работа и заштитата на животната средина;
  • Учество во пописот на залихите;
  • Користење на ISO стандарди и ХАССП систем;
  • Одржување на опремата, магацинскиот простор и продажниот простор.

Второ ниво: Продавач – телемаркетинг

  • Планирање и подготовкана сопствената работа;
  • Рационално користење на енергијата, материјалите и времето;
  • Водење грижа за квалитетот на извршените работи и услуги и одговорност за истите;
  • Комуникација со соработниците, стручните служби и со клиентите;
  • Користење на соодветни информациско-комуникациски средства;
  • Водење грижа за безбедноста и заштитата при работа и заштитата на животната средина;
  • Развивање на претприемачките вештини и однесување;
  • Подготовка на документацијата и проверка на изворите на информации;
  • Вршење претпродажни активности, продажба и активности по продажбата преку каналите за електронска комуникација.

3.

Планиран број на учесници во програмата

10 - 15 учесници во група

4.

Времетраење на програмата

 

Вкупен број на часови

Изразено во проценти

Теорија

Прво ниво - 54, второ ниво - 36

Прво ниво – 30%, второ ниво – 30%

Пракса

Прво ниво - 108, второ ниво - 78

Прво ниво – 60%, второ ниво – 65%

Оценување

Прво ниво - 18, второ ниво - 6

Прво ниво – 10%, второ ниво – 5%

Вкупно

Прво ниво - 180, второ ниво - 120

 

Број на часови неделно: Прво ниво – 10 часа, второ ниво – 10 часа

Траење на програмата во месеци/години: Прво ниво – 18 недели (4-5 месеци), второ ниво – 12 недели (3-4 месеци)

Цена:
прво ниво: 12.900,00 денари
второ ниво: 10.900,00 денари