За нас facebook twitter youtube

Алгоритам

Во едукативниот центар АЛГОРИТАМ секоја заинтересирана личност може во кое било време да започне со сопственото неформално образование.

Доволно е да има желба и иницијатива да започне со овој вид на образование, кое е прилагодливо на потребите на поединците.



Едукативен центар АЛГОРИТАМ
Едукативен центар АЛГОРИТАМ

За нас

Едукативен центар АЛГОРИТАМ


Едукативниот центар АЛГОРИТАМ е приватна образовна институција која посветува особено внимание на обука на наставниците и, воопшто на доживотното и перманентно образование на сите поединци во општеството.

Во интерес на граѓаните, едукативниот центар АЛГОРИТАМ го следи и се обидува да ја задоволи потребата на пазарот на трудот и да продуцира кадри соодветни на барањата на истиот. Истовремено, ги следи научните достигнувања во повеќе области, со цел сопствениот наставен кадар да ги прошири своите знаења и способноста истите да ги сподели со граѓаните.

Едукативниот центар АЛГОРИТАМ нуди квалитет во учењето преку:

  • Јасно дефинирани цели и јасно дефинирана рамка во која се спроведува учењето;
  • Флексибилни програми кои се прилагодени на целната група;
  • Учество на доброволна основа, независно од возраста, искуството и степенот на образование;
  • Компетентни едукатори, фасилитатори;
  • Интерактивен однос меѓу едукаторот и учесниците;
  • Размена на искуства и вештини и учење преку пракса.

Едукативниот центар АЛГОРИТАМ нуди голем број програми за едукација кои се наменети за различни целни групи, како за младите, така и за возрасните. Едукаторите имаат цел и одговорност да им ја приближат темата на заинтересираните учесници, преку вклучување во активности и преку искуства да научат многу работи. Односот меѓу учесниците и едукаторите е интерактивен, се учи преку работа, акција, пракса, искуство. Притоа, образованието стекнато на овој начин е практично применливо. Со завршувањето на секоја обука учесниците добиваат соодветни дипломи и сертификати кои се верифицирани како од страна на државата, така и од страна на институции кои се светски лидери во областа на сертифицирањето.

Во едукативниот центар АЛГОРИТАМ секоја заинтересирана личност може во кое било време да започне со сопственото неформално образование.

Доволно е да има желба и иницијатива да започне со овој вид на образование, кое е прилагодливо на потребите на поединците.


Организациска структура

organogram