Тимот кој мисли на вашата иднина.
Едукативен центар АЛГОРИТАМ
Зоран Зивчевски е роден на 4.7.1978 год. во Скопје. Основно и средно образование (Раде Јовчевски-Корчагин) ги завршил во родниот град. Во јули 2004 г. дипломира на Природно-математичкиот факултет, студии по математика, во Скопје, стекнувајќи се со звање дипломиран професор по математика. Од 2004 г. работи како програмски директор во Едукативниот центар Алгоритам центар – Скопје, има шестгодишно искуство како предавач на различни курсеви од област на информатиката и математиката, поминати обуки и реализирани самостојни обуки за возрасни, искуство во пишување прирачници за компјутерски курсеви и подготовка на on-line материјали, работа со бази на податоци, изработка на извештаи, координација на активности, високо ниво на организациски и комуникациски вештини, менаџмент на човечки ресурси.
Александар Алексовски Роден е на 15 април 1978 година во Скопје. Основно и средно образование (МУЦ „Д-р Панче Караѓозов“ – Скопје, медицински техничар) ги завршил во родниот град. Во 2007 година дипломира на Природно-математичкиот факултет, отсек биологија, во Скопје, стекнувајќи се со звање дипломиран професор по биологија. Работел како демонстратор на Природно-математичкиот факултет во Скопје, катедра за безр’бетни животни, еколошко- таксономски отсек, на предметите: Invertebrata, Систематика на животни 1 и 2, Безр’бетници 1 и 2, Типологија 1, Органска еволуција. Има одлично познавање на германскиот и англискиот јазик.Од 2014 година тој е овластен наставник за AP програмата за предметите: биологија и наука за животната средина
Деан Атанасовски е роден на 4.12.1989 година во Скопје. Во септември 2014 година завршува високо образование на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје и се стекнува со звање дипломиран инженер по интернет и мобилни технологии . Има работно искуство како програмер , ИТ систем инженер/администратор . Од септември 2015 година работи како професор по информатика во ПСУ „Алгоритам“, Скопје.
Елена Мантева родена е на 1.3.1972 год. во Кавадарци. Основно образование, нижо музичко училиште и Гимназија „Добри Даскалов“, насока биологија-хемија, завршува во Кавадарци. Активен член е во КК Тиквеш. Учествува во бројни регионални и државни натпревари и проекти за заштита на Тиквешкото Езеро и зачувување на ендемичните видови на областа Витачево. Член е и на Младинската организација на средните училишта. Дипломира на ПМФ, насока хемија, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје.
Горан Станикевски-Горјански е роден на 5.4.1976 год. во Скопје. Основно училиште завршил како првенец на генерација во ОУ„Стив Наумов“-Скопје а матурирал во УСО „Орце Николов“-Скопје. Високо образование завршува на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“-Скопје (група: македонски јазик и јужнословенски јазици со светска книжевност ). Од септември 2008 год. е професор по македонски јазик и литература во ПСУ „Алгоритам “.
Горјан Николовски е роден на 10.6.1983 година во Скопје. Основното образование го завршува во ОУ “Јохан Хајнрих Песталоци” во 1998 година, а во 2002 година матурира во СУГС “Јосип Броз - Тито” – Скопје. Во април 2008 година дипломира на Универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј‘, Природно-математички факултет на Инститотот за географија и се стекнува со звање дипломиран професор по географија. Од септември 2009 год. работи како професор по географија во ПСУ „Алгоритам“ – Скопје.
Марија Манасиевска е родена на 26.1.1987 година во Скопје. Основното и средното (ДСУ „Јосип Броз Тито“) образование ги завршила во својот роден град. Дипломирала во септември 2011 година на Институтот за Класични студии – јазична насока, при Филозофскиот факултет во Скопје, стекнувајќи звање дипломиран класичен филолог.
Д-р Зајков Оливер Роден на 9 јули 1960 г. во Скопје. Основното и средното образование (Гимназија “Раде Јовчевски-Корчагин”) ги завршил во родниот град. Уште како ученик, поради покажаниот интерес и успех, бил избран за демонстратор. На Факултетот за физика се запишал 1979 г. и студиите ги завршил во 1986 г. на ПМФ, со одбрана на дипломскиот труд “Фотоволтаичен ефект кај хетерогена ќелија Se-CdS” . Истата година започнал да работи на Институтот за физика при ПМФ како помлад асистент. На постдипломски студии се запишал во матичната институција.
Винета Жиковска-Здравковиќ родена е на 11.11.1965 година во Скопје. Основно образование завршува во ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ а средно гимназиско образование во ДСУ „Јосип Броз Тито“ во Скопје. Во 1988 година дипломирала на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ - Филолошки факултет Скопје на Катедрата за германски јазик и книжевност - наставна насока. За време и по завршувањето на студиите престојувала на повеќе еминентни универзитети во Германија, како што се: „Martin Luther” - Halle, „Albert Lugwig” - Freiburg, „Humboldt Universität“ - Berlin, Universität Wien, Universität „Georg August”- Göttingen.
Елена Ристеска е родена на 30.12.1984 година во Скопје. Основно образование завршила во ОУ„Ѓорче Петров“ – Скопје а средно гимназиско образование во ДСУ „Јосип Броз Тито”- Скопје, со одличен успех. Високото образование го завршува на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, на Институтот за математика при Природно – математичкиот факултет во Скопје, насока Математичка економија, каде се стекнува со звањето дипломиран математичар – инженер по математичка економија, потоа, на Филозофскиот факултет во Скопје завршува педагошка психолошко-методска доквалификација и се стекнува со звање дипломиран професор по математика. За време на студирањето учествува во проектот: „Современи и креативни методи и техники на учење“
Маја Трајаноска е родена во 1986 година во Скопје. Завршува средно образование во ДСУ „Јосип Броз-Тито“, јазично-уметничко подрачје, а потоа се запишува на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, на катедрата Англиски јазик и книжевност, наставна насока. Од 2009 година, работи како професор по англиски јазик, предавајќи на ученици од сите возрасти- претшколска возраст, ученици, студенти, возрасни. Од 2008 година, работи и како активен преведувач од англиски на македонски јазик и обратно, преведувајќи првенствено литературни преводи, сценарија на филмови, драми, стручна литература од областа на медицината, економијата, правото, новинарски текстови и др. Исто така, ангажирана е и како симултан и консекутивен преведувач, главно во областа на правото и Европската унија. Во 2013 година, се стекнува со сертификат за овластен судски преведувач. Во текот на 2013 и 2014 година, работи како советник за образование во САД. Во 2014 година, магистрира на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, на програмата Европски студии за интеграција, со посебен осврт на културата и европските интеграции. Од септември 2011 година, станува дел од тимот на Приватното средно училиште „Алгоритам“- Скопје.
Слободан Шошкоски е роден во Скопје, 1973 година. Основно и средно училиште (Јосип Броз - Тито) ги завршува во родниот град. Дипломирал на Филозофскиот факултет, група историја, во 1998 година, со што се стекнува со звањето дипломиран професор по историја. Работи на повеќе различни позиции во владиниот и во невладиниот сектор. Учествувал во изготвувањето на проектот „Востанијата во Македонија“ со кој аплицирал во Министерството за култура на Република Македонија во 2001 година. Посебен интерес има кон културната историја, но воедно го привлекува и филозофијата. Истражува генеолошки стебла на фамилии претежно од Западна Македонија. Организира и уредува блог за историјата и културата на селото Лазарополе, а воедно е и активен учесник на Лазарополе фест, задолжен за историската тематика. Во слободно време се занимава со пишување на кратки раскази, со кои има учествувано на неколку конкурси. Нумизматиката, поточно собирањето банкноти исто така му причинува големо задоволство. Од септември 2009 година е дел од тимот на ПСУ „Алгоритам“.
Марија Пејкова е родена на 4 јули 1988 год. во Скопје. Средно образование завршува во 2006 год. во Економско-правно училиште “Васил Антевски-Дрен“ – Скопје, економска насока а дипломира во 2012 година на Економскиот факултет од Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и се стекнува со звање дипломиран економист, отсек Финансиски менаџмент. Во јуни 2013 година магистрира на тема „Селекција и регрутација на човечки ресурси во развојните фондации“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Економски институт – Скопје, Меѓународен менаџмент и станува Магистер по економски науки.