ИНФОРМАТИЧКО ОПИСМЕНУВАЊЕ facebook twitter youtube

ИНФОРМАТИЧКО ОПИСМЕНУВАЊЕ

Algoritam

ИНФОРМАТИЧКО ОПИСМЕНУВАЊЕ

Повеќе од 20.000 граѓани ќе ги посетуваат бесплатните курсеви за компјутери што ги организира Владата преку проектот „Македонија - земја на информатичари“

ИНФОРМАТИЧКО ОПИСМЕНУВАЊЕ

Владини часови по компјутерска азбука
Повеќе од 20.000 граѓани ќе ги посетуваат бесплатните курсеви за компјутери што ги организира Владата преку проектот „Македонија - земја на информатичари“
algoritam.mkКога јас се образував, немаше компјутери и сега чувствувам како да сум неписмен во денешново време на информатика, па дојдов да ја научам нејзината азбука. Вака 57- годишниот Ангеле Стојановски ја објасни причината зошто присуствува на првиот час од владиниот проект за бесплатна обука за компјутери за граѓаните, што почна вчера во компјутерски- едукативниот центар „Алгоритам“ во Скопје.
- Без компјутер денеска не може да се заврши каква било работа. Имам некое познавање за компјутерот, пред се' преку игри. Сакам подобро ги да научам основните програми за работа на компјутер и се пријавив на конкурсот - вели Стојановски.
Во училницата на „Алгоритам“, дваесетина мажи и жени од сите возрасти и со различен социјален статус, седнати пред компјутерите со рамен екран, нестрпливо очекуваат да ги стекнат првите знаења како се пишува документ, како се креира табела и графикон или се сурфа на интернет.
Секој доби учебник за основните вештини на информатичката технологија. Невработената Соња Стојановска (35) е меѓу првите што пристигна во просториите на компјутерско- едукативниот центар.
- Невработена сум подолго време. Без познавање на компјутери тешко е да се најде работа. На сите конкурси, работодавците бараат кандидатите да знаат да работат на компјутер. Ова е добра можност да научам - вели Стојановска.
Министерот за информатика Иво Ивановски го означи почетокот на бесплатната обука за граѓаните што е дел од владиниот проект „Македонија - земја на информатичари“.
- Целта е да се обучат сите граѓани што пројавиле интерес да се запознаат подобро со информатичките технологии, основите на компјутерите, оперативните системи, канцелариските апликации и интернетот како најкористената алатка во светот. Владата одвои пари за да ви овозможи компјутерски да се образувате, вам кои од различни причини во минатото сте биле спречени - рече министерот Ивановски.
На повикот за обуката што го објави Генералниот секретаријат на Владата се пријавени 22.534 граѓани, од кои 10.000 се во Скопје. Во првата фаза што почна вчера ќе бидат обучени 3.000 лица од Скопје и 4.000 од другите градови во Македонија.
Поединечната обука ќе трае еден месец, двапати неделно по два часа. Проектот ќе заврши до крајот на ноември.
(М.Б.)
Извор ДНЕВНИК