TOEFL iBT facebook twitter youtube

Тестирај се тука


ЕЛЕКТРОНСКО ОЦЕНУВАЊЕ & ТЕСТИРАЊЕ

Алгоритам

Тимот кој мисли на вашата иднина гимназија Алгоритам

Е-Тест

Algoritam


ЕЛЕКТРОНСКО ОЦЕНУВАЊЕ & ТЕСТИРАЊЕ

ЕЛЕКТРОНСКО ОЦЕНУВАЊЕ & ТЕСТИРАЊЕ

Активности за реализирање на проектот “ЕЛЕКТРОНСКО ОЦЕНУВАЊЕ & ТЕСТИРАЊЕ”

1 чекор

Во рамките на Проектот за модернизација на образованието при Министерство за образование и наука Алгоритам зеде активно учество во обука на наставници во областа на информатичка технологија во пилот фазата и во моментов работи на обука на наставници во првата фаза. Извршивме обука на 250 наставници на ниво на Скопје за основни познавања на информатичка технологија. Моментално вршиме едукација на 524 наставници на ниво на Македонија во областите на нови техники на учење и информатичка технологија. Обуката претставува поддршка на професионалниот развој на наставниците.

Проектот е финансиран од Светска Банка и Владата на Холандија, со учество на Владата на Р. Македонија.

2 чекор

Проектот “ЕЛЕКТРОНСКО ОЦЕНУВАЊЕ & ТЕСТИРАЊЕ” предвидува повисоко ниво на професионален развој на наставниците во основните и средните училишта во Р. Македонија.

Се планира да се обучат 350 наставници од основните и средните училишта во Македонија.

Ќе се опфатат од 80 до 110 училишта кои ќе предложат од 3 до 5 наставници кои ќе добијат лиценца за едукатори на тема Електронско оценување и тестирање.

Едукаторите ќе добијат задача да извршат едукација од истата област во рамките на своето училиште. Едукаторите од сите училишта постојано ќе комуницираат по електронски пат за размена на тестови, сознанија и искуства.

Предвидено е по завршувањето на обуката тимот на Алгоритам Центар да подготви стандарден тест кој ќе го спроведат едукаторите во своите училишта со што ќе добиеме јасна слика за успешноста на проектот  “ЕЛЕКТРОНСКО ОЦЕНУВАЊЕ & ТЕСТИРАЊЕ” и воедно слика за успехот на учениците на ниво на Македонија.

Електронскиот тест со логото на фондацијата е-Македонија“ ќе биде доставен електронски и до училиштата што не се дел од проектот.

Алгоритам Центар ќе биде одговорен за целокупната имплементација на задачата и ќе ги обезбеди сите потребни услови за успешно постигнување на целите на задачите.

За изборот на училиштата ќе биде објавен оглас во медиумите за начинот на аплицирање. Право на учество имаат сите основни и средни училишта подеднакво распределени во сите региони на Р. Македонија.

Во текот на спроведувањето на обуката професорскиот тим активно ќе соработува со училиштата и ќе обезбеди целокупна поддршка преку разговори, совети и консултации со менаџерскиот тим на училиштето и со посетителите на курсевите во интерес на нивна успешна реализација. Училиштата ќе може слободно да комуницираат со Алгоритам Центар за сите прашања поврзани со обуката преку електронска пошта или со посета на персоналот на Алгоритам Центар на училиштата на нивно барање.

Во текот на обуката наставниците ќе добијат совети и насоки за практична примена на стекнатите вештини во нивната секојдневна работа - наставниците ќе изготвуваат разни тестови и вежби за оценување и ќе добиваат совети за примена на новостекнатите знаења во нивната секојдневна работа како што знаењата и вештините ќе се усвојуваат во текот на одвивањето на обуката.

За сите училишта кои се дел од обуката ќе биде отстапен простор на интернет страната на Алгоритам. Постојано ќе бидат објавувани информации за придобивките и достигнувањата на програмата во конкретното училиште.

Главни цели на програмата

Оспособување на наставниците во основните и средните училишта за користење на информатичка технологија како поддршка во работата во училиштата што ќе придонесе за унапредување на наставниот процес во целина:

Подобрување на анализата на податоци

  • Електронско оценување и тестирање

  • Подобрување на документацијата и евиденцијата за изведување на наставата

  • Осовременување на воспитно - образовниот процес

  • Унапредување на изведбата на наставата

  • Подобрување на планирањето на наставата

  • Подобрување на изработката на тестови и наставни материјали

  • On – line учење преку интернет мрежата

  • Поддршка на професионалниот развој на предавачите

  • Унапредување на комуникацијата и соработката меѓу наставниците во Република Македонија по пат на електронска пошта

  • Наставниците да се стекнат со вештини и знаења за креирање едноставни бази на податоци, прибирање информации од различни области за унапредување на работата со учениците и за свој професионален развој

Задачи на програмата 

Едукација, обука и овозможување на наставниот кадар да добие нови сознанија, методи и техники кои ќе му овозможат адекватно и креативно да ја имплементира наставата

  • Да се освежат и осовременат знаењата на наставниот кадар

  • Поголем квалитет во образовниот процес

  • Индиректни придобивки за учениците преку создавање на ученици кои ќе учат цел живот

  • Настава насочена кон процесот на учење по пат на проверка на знаење 

Наставна методика и наставни материјали 

На курсевите основен принцип на работа ќе биде интерактивното учење и учење низ практично користење на персонални компјутери.

На учесниците им се даваат домашни задачи со цел на подобро совладување на наставниот материјал.

На учесниците им е овозможен контакт со наставниците преку електронска пошта во случај на дополнителни прашања по завршувањето на часовите.

За планираниот курс се подготвени инструктивни и работни материјали за учесниците. 

За понудениот курс “ЕЛЕКТРОНСКО ОЦЕНУВАЊЕ & ТЕСТИРАЊЕ” постои специјално подготвен прирачник за курс, поделен во методски единици за секој час и вежби за секоја методска единица. 

Секој ученик добива ЦД со работни материјали.

Очекувани резултати за учениците, наставниците и училиштето 

Придобивки за учениците:

  • активна улога во наставните процеси;

  • електронско оценување и тестирање;

  • размена на информации со наставниците по електронска пошта;

  • користење на Интернет за прибирање информации по одделни наставни предмети;

  • поинтересни и поразновидни часови со користењето компјутери или Интернет на часовите;

  • меѓусебна соработка и размена на информации помеѓу учениците;

  • зголемен интерес на учениците за следење на наставниот процес.

Придобивки за наставниците:

  • зголемување на бројот на наставници кои располагаат со вештини и познавања во информатичката технологија во основните и средните училишта;

  • зголемена свест кај наставниците за неопходноста од користење на информатичката технологија во наставата;

  • надминување на несигурноста на наставниците во поглед на нивните можности соодветно да одговорат на предизвиците на новата информативна технологија;

  • наставниците се оспособени за успешно применување на различните апликативни програми во работата со учениците;

  • подобра комуникација и работа со учениците;

  • наставниците кои поминале обука ќе можат да подготвуваат наставни планови и материјали на компјутер со што ќе се олесни и осовремени нивната работа (електронско оценување и тестирање);

  • обучените наставници ќе можат ефикасно да ги пренесат новостекнатите знаења и вештини на своите колеги;

  • наставниците што поминале обука ќе имаат поголеми можности за следење на иновациите и светските трендови и достигнувања од својата област;

  • користење на Интернет за прибирање на информации кои може да се користат на час со што наставата ќе стане поатрактивна и поинтересна за учениците;

  • размена на идеи и искуства во работата со наставниците од други училишта.

Придобивки за училиштата: 

  • осовременување на наставата, наставните методи и пристапи;

  • зајакнување на капацитетите на училиштето за водење евиденција, оценување и тестирање со користење на компјутери;

  • користење на компјутери во планирањето на наставата;

  • збогатување на наставните материјали и користење на наставни материјали во електронска форма

  • имплементација и развивање на современи методи во наставниот процес;

  • интерактивен однос наставник – ученик;

  • подобрена комуникација на наставниот кадар, родителите и учениците;

  • комуникација со други училишта, институции и надлежни органи по електронска пошта;

  • Јазици на обука: Наставата се одвива на македонски и албански јазик.

  • Процедури, алатки и одговорности за мониторинг и евалуација на програмата.  

По секој курс ќе биде спроведена евалуација од страна на учесниците во курсот, како и самоевалуација од страна на предавачите.

За секој од предвидените курсеви се развиени индикатори според кои ќе се мерат очекуваните резултати, првенствено успешноста на завршените курсеви за обука.

Тимот што ќе ја реализира програмата ќе се самоевалуира, корисниците ќе ја евалуираат програмата по завршувањето на секоја апликативна програма.

На крајот од обуката предвидено е предавачите да изработат извештаи за секој од посетителите на нивните предавања. На тој начин за секој учесник би се формирал еден вид на кумулативен картон, согласно објективната проценка на предавачот. Во тој картон всушност ќе биде истакнат успехот на учесникот во совладување на теорискиот и практичниот дел од наставата.

Наставата ќе се одвива на регионално ниво, во избрано училиште како регионален центар за обука.

Во наставата ќе бидат опфатени повеќе теми:

Работа во мрежа;

Напредни теми од работа со табели: внесување податоци (креирање база), пребарување, користење формули, автоматско пополнување на ќелии, адресирање на ќелии, автоматско форматирање, копирање и преместување на ќелии, вметнување графици и функции;

Интернет;

Електронска пошта.  

Активностите на проектот како и резултатите ќе бидат објавувани во јавните медиуми континуирано во целиот период на обуката.

За публикација на проектот ќе се испечати прирачник со логото на фондацијата „е-Македонија“ кој ќе содржи вежби и тестови подготвени за проектот “ЕЛЕКТРОНСКО ОЦЕНУВАЊЕ & ТЕСТИРАЊЕ”.

Креатори на проектот „ЕЛЕКТРОНСКО ОЦЕНУВАЊЕ & ТЕСТИРАЊЕ“

Дипл. проф. инф. Марина Божинова

М-р по компјутерски науки, Илија Јолевски

Дипл. мат. Зоран Зивчевски

Дипл. проф. инф. Ирена Младеновска