PSAT/NMSQT®
Прелиминарен училишен тест за проверка на знаењето е
програма заеднички спонзорирана од College Board и Корпорацијата
за заслужена национална стипендија. Полагањето на тестот
овозможува шанса за влез во програмата за стипендија NMSC
(National Merit Scholarship Corporation) и стекнување на пристап
до колеџ и средства за планирање на кариерата на ученикот кој ќе
го полага тестот. Годишно овој тест просечно го полагаат три и
пол милиони ученици од прва, втора и трета година од средните
училишта. Стандардизираниот тест овозможува првична пракса за
понатамошното SAT® тестирање. Тестот ги оценува можностите на
ученикот за критичко читање и разбирање на текст, вештина при
решавање на математички проблеми и вештина за пишување. Најчести
причини за полагање на PSAT/NMSQT тестот се :
-
Повратната информација за предностите и слабостите на
ученичките вештини потребни за совладување на процесот на
студирање.
-
Влез во натпреварот за стипендија NMSC (само за ученици
од 3-та година)
-
Му помага на ученикот да се подготви за испитот SAT,
бидејќи прашањата од овој испит се слични според
насоченоста.
-
Добивање на повратна информација од колеџите и
универзитетите доколку ученикот покаже висок резултат на
тестот.
-
Препознавање на АР потенцијалот кај ученикот. (АР
потенцијал – подготвеност за следење на програма од напредно
ниво и показател дека ученикот со минимална заложба може да
освои минимум оценка 3 на АП испит) .