Гимназија Алгоритам е училиште постојано посветено на промовирање и примена на квалитетно образовно искуство за учениците. Со таа цел во учебната 2013-2014 година е дополнително вградена и новата АР програма која нуди напредок со запазени меѓународни стандарди.
Истажувањата на полето на образованието ја покажуваат неопходната потреба од вметнување на високо квалитетни, ригорозни и напредни програми во средношколскиот образовен процес кои ќе им помогнат на учениците полесно, побрзо и поквалитетно да го надминат преодот кон високообразовните институции. Проширувањето на Pre-AP стратегијата и напредно поставената курсна програма Advanced Placement е начин на кој Гимназија Алгоритам ќе им помогне на учениците да стекнат вештина за академски успех.
Напредната програма на Гимназија Алгоритам во целост ќе ги почитува и применува стандардите и политиката на College Board и ќе се води според начелото дека секој ученик заслужува да добие можност за учество во строгата и академски предизвикувачка наставна програма.