Професионален обучувач на обучувачи на возрасни facebook twitter youtube

Професионален обучувач на обучувачи на возрасни

business templates

1.

Опис на програмата

После завршување на обуката, која се состои од два модула, учесникот ќе биде способен да:
Прво ниво на сертифицирање: подготви, води и евалуира обука и сесии;
Второ ниво на сертифицирање: ги води (coach) во текот на нивниот процес и да ги обучува обучувачите на возрасни.

Обуката ќе биде организирана во два модула, односно во две нивоа:
прво ниво (професионален обучувач на возрасни) и
второ ниво (професионален обучувач на обучувачи за возрасни
).
По завршувањето на првото ниво на програмата, учесникот ќе се стекне со сертификат за професионален обучувач на возрасни. После завршувањето на второто ниво од програмата учесникот ќе се стекне со сертификат за професионален обучувач на обучувачи за возрасни. Учесникот може да премине на второто ниво само доколку го има завршено првото ниво и се има стекнато со сертификат за професионален обучувач на возрасни.

Обуката вклучува теориски и практични часови преку кои учесниците ќе се стекнат со знаења, вештини и ставови потребни за оспособување да работат како професионални обучувачи на возрасни (прво ниво), односно професионални обучувачи на обучувачи на возрасни (второ ниво).
Првото ниво од програмата е во траење од 210 часови, а второто ниво е во траење од 120 часови.

Резултатите на постигнувањата на учесниците ќе бидат оценувани на крајот од процесот на обука и ќе се базираат на јасни поставени критериуми, кои гарантираат дека учесниците ги имаат потребните способности да работат како професионални обучувачи на возрасни (прво ниво), односно професионални обучувачи на обучувачи на возрасни (второ ниво). 
Клучно во обуката е активно учество во обуката на сите учесници.
Процесот на обука ќе биде адаптиран согласно специфичните потреби на секој учесник.
Оценувањето на крајот од обуката ќе се спроведе со комбинација на пишан, устен и практичен дел.

2.

Цели на програмата

Прво ниво (професионален обучувач на возрасни)

  • анализа на утврдените потреби на учесниците;
  • идентификација на потребите за стекнување способности поврзани со побарувачката на труд: знаење, што и како да се прави во контекст на побарувачката на труд;
  • дизајн и конкретизирање на општата педагошка скрипта и план на обука;
  • составување флексибилна подготовка за обука со вклучување главни и споредни групни активности, индивидуални задачи, ресурси за е-учење, време посветено на изучување на способностите на претпријатијата, институциите, центрите за обука;
  • конкретизирање на оперативниот начин за имплементација на сложени тренинг курсеви;
  • предвидување на потребите, условите и пречките за имплементација на тренинг курсот;
  • проценка на економското влијание од изборот;
  • идентификување на педагошката цел на часот;
  • утврдување на теми за разработка на обуката;
  • нацрт на педагошката скрипта за часот: структура и одвивање;
  • подготовка на оценувањето на процесот на изучување развиен во текот на часовите и достигнување на целите на секој ученик;
  • подготовка и организација на сите „ресурси“ потребни за да се води наставата;
  • пречек и интегрирање на членовите;
  • управување со тренинг групата и нивната динамика;
  • идентификување на принципите за образование при обука на возрасни;
  • стратегии, пристап кон обуката, педагошки методи и техники;
  • оцена на индивидуалниот перформанс во однос на достигнување на зададените цели на почетокот од часот;
  • оцена на индивидуалниот образовен напредок на ученикот во рамките на општиот процес на образование;
  • педагошко посредување и посредување кога е потребно;
  • педагошки фокус на процесот на образование наместо фокус на резултатите;
  • општа оцена на акцијата за обука според критериумите на барателот, купувачот;
  • формализирање на општата педагошка рамнотежа;
  • критички осврт кон она што е замислено со она што навистина се случило во текот на водењето на часот;
  • идентификување на празнините на замислената и стварната ситуација;
  • анализа на работењето и истражување на можности за подобра реализација во слична ситуација;
  • рефлексивен однос и предвидување нови начини за делување: како се работело во минатото и што да се избере следниот пат.

Второ ниво (професионален обучувач на обучувачи на возрасни)

  • водење индивидуални состаноци со учесниците;
  • обука на учесниците за оформување/ потврдување на нивниот професионален проект;
  • обука на учесниците за потребните вештини за да се биде вработен;
  • изнаоѓање решенија со учесниците за надминување на тешкотиите на периферијата на обуката како и влијание врз неговиот/нејзиниот образовен процес;
  • дизајн, планирање, организација на редовни состаноци со учесниците;
  • порамнување на општата обука со потребите на секој учесник;
  • согледување на соодветните алатки за ефикасна обука;

 

 

3.

Планиран број на учесници во програмата

10 - 15 учесници

4.

Времетраење на програмата

 

Вкупен број на часови

Изразено во проценти

Теорија

Прво ниво = 63, второ ниво = 36

прво ниво = 30%, второ ниво = 30%

Пракса

Прво ниво = 126, второ ниво = 78

прво ниво = 60%, второ ниво = 65%

Оценување

Прво ниво = 21, второ ниво = 6

прво ниво = 10%, второ ниво = 5%

Вкупно

Прво ниво = 210, второ ниво = 120

 

*Други информации

Број на часови неделно: прво ниво = 12 часови, второ ниво = 12 часови

Траење на програмата во месеци/години: прво ниво = 20 недели (5-6 месеци), второ ниво = 10 недели (3-4 месеци)

Цена:
прво ниво:    12.900,00 денари
второ ниво:  10.900,00 денари