Во соработка со продукциската куќа „Наше Маало“,
Гимназијата „Алгоритам“ распишува НАГРАДЕН КОНКУРС
за изработка на краток филм
КИНОФЕСТ АЛГОРИТАМ 2015
УЧИЛИШТЕН ФЕСТИВАЛ НА КРАТКИ ФИЛМОВИ.
Учениците на Гимназија Алгоритам ја посетија германската читалница, каде што беа информирани за начинот на нејзиното користење. Воедно, го проследија и докуманетарниот филм за градот Минхен и историјата за Октоберфест.
Учениците од 1 година имаа практичен час на којшто вршеа мерење на волумен на течност со пипета и мерење на должина со шублер
Учениците на Гимназијата Алгоритам го посетија ACT - American College of Thessaloniki кој им ги претстави можностите за студирање. Се заблагодаруваме на топлиот прием на г-ѓа Roula Lebetli и ги покануваме на возвратна посета. Воедно, се зблагодаруваме и на поддршката на Македонскиот Конзулат во Солун.
Учениците на Гимназијата Алгоритам го посетија CITY College - An International Faculty of the University of Sheffield, каде се запознаа со можностите за студирање. Благодарност на топлиот прием до г-ѓата Ioanna Kapnopoulou и г-динот Dimitris Nikolaidis.Воедно, се заблагодаруваме и до Македонскио Конзулат во Солун за поддршката во реализацијата на оваа посета.
Македонски јазик и литература, средна оценка 4.75;
Математика, средна оценка 4.83;
Англиски јазик, средна оценка 4.88
ПСУ Алгоритам Центар од неодамна стана член на меѓународното семејство на ETS и се здоби со акредитација за изведување на меѓународни тест програми. Како официјален сертифициран TOEFL iBT® Test Centre Алгоритам ви овозможува квалитетно академско тестирање во современа компјутерска лабараторија која во потполност ги задоволува високите технолошки тековни стандарди за професионално тестирање. Тест центарот Алгоритам е достапен за сите граѓани на Р.Македонија и странците со привремен престој, ние работиме во согласност со меѓународната политика за еднаквост и рамноправен статус. Тимот на Алгоритам е отворен кон јавноста и на сите заинтересирани поединци и претпријатија им нуди професионална помош и соработка во процесот на постигнување напредок. Нашата мисија е да ви помогнеме побрзо и полесно да ја реализирате вашата цел, да ви овозможиме достапност до информации, и секако најважното ... успешна подготовка и полагање на тестот TOEFL iBT.
Read more Многу смеа, многу прашања, индивидуална потрага по
одговори.
Салон 19:19 во 20:00 часот (вторник, 27.5.2014 г.)
Борис Танчовски кој освои 1. место во категоријата на ученици
од 3. година;
Марија Василева, која освои 1. место во
категорија на ученици од 2. година; и Стефан Стефановски кој
освои 3. место во категорија на ученици од 3. година.
На 1-ви јуни 2013 година гимназија Алгоритам стана дел од
глобалното семејство на меѓународната организација College
Board. Со ова вредно членство гимназија Алгоритам стекна право
во текот на училишната година 2013-2014 да организира следење на
настава и полагање на испити од програмата на College Board. Во
нашето училиште ќе се спроведува :
подготовка и ReadiStep
тестирање за ученици од основните училишта,
подготовка и PSAT
тестирање за ученици од средните училишта,
АР настава според
меѓународни стандарди за ученици од II,III и IV година,
АР
предметно тестирање,
подготовка и полагање на испити за
меѓународна матура – APID.
За почеток, на сите заинтересирани
редовни ученици во нашето училиште им се нуди бесплатна можност
активно да се вклучат во следење и совладување на АР програмата.
Отворена соработка и можност за учество со одредена надокнада им
се нуди и на сите заинтересирани ученици од другите училишта.
АР програмата е програма од напредно ниво, која ќе се води по
авторизирана наставна програма одобрена од College Board и која
на секој ученик му нуди можност за полагање на АР испит по
одреден предмет а со тоа и обид за стекнување на Меѓународно
призната диплома - APID. Оваа диплома е призната во 90% од
четиригодишните универзитети во САД, сите универзитети во
Канада, повеќето универзитети во Обединетото Кралство, во 600-ни
универзитети ширум Европа и Средниот Исток, Австралија, Нов
Зеланд ... Стекнувањето на дипломата му носи предност на секој
ученик при запишувањето на колеџ и универзитет, како и право на
стекнување стипендија на истите. Секој успешно положен АР испит
по одреден предмет носи можност за стекнување кредит или пласман
на факултетите ширум светот кои ја препознаваат и вреднуваат АП
програмата.
Се надеваме дека многумина од вас ќе ја осознаат
вредноста на АР програмата и ќе се потрудат да стекнат
меѓународно призната диплома.
Cisco Networking Academy е глобална образовна програма која им овозможува на студентите развивање на основни ИТ способности потребни за проектирање, изградба и управување со мрежи и примена на напредни алатки за решавање проблеми
ИТ трениг центарот на Алгоритам располага со 3 целосно опремени простории овозможени за обука и експериментирање. Нашите студенти имаат пристап кон сите материјали и можност да следат прилагодени предавања од страна на професорите и тренерите од кои добиваат секојденвна поддршка за понатамошно развивање.
За прв пат во Македонија секој ученик по завршувањето на средното образование во ПСУ Алгоритам центар, добива и сертификат за завршена CISCO Академија
Read more