Во едукативниот центар АЛГОРИТАМ секоја заинтересирана личност може во кое било време да започне со сопственото неформално образование.
Доволно е да има желба и иницијатива да започне со овој вид на образование, кое е прилагодливо на потребите на поединците.
Едукативниот центар АЛГОРИТАМ е приватна образовна институција која посветува особено внимание на обука на наставниците и, воопшто на доживотното и перманентно образование на сите поединци во општеството.
Во интерес на граѓаните, едукативниот центар АЛГОРИТАМ го следи и се обидува да ја задоволи потребата на пазарот на трудот и да продуцира кадри соодветни на барањата на истиот. Истовремено, ги следи научните достигнувања во повеќе области, со цел сопствениот наставен кадар да ги прошири своите знаења и способноста истите да ги сподели со граѓаните.
Едукативниот центар АЛГОРИТАМ нуди квалитет во учењето преку:
Едукативниот центар АЛГОРИТАМ нуди голем број програми за едукација кои се наменети за различни целни групи, како за младите, така и за возрасните. Едукаторите имаат цел и одговорност да им ја приближат темата на заинтересираните учесници, преку вклучување во активности и преку искуства да научат многу работи. Односот меѓу учесниците и едукаторите е интерактивен, се учи преку работа, акција, пракса, искуство. Притоа, образованието стекнато на овој начин е практично применливо. Со завршувањето на секоја обука учесниците добиваат соодветни дипломи и сертификати кои се верифицирани како од страна на државата, така и од страна на институции кои се светски лидери во областа на сертифицирањето.
Во едукативниот центар АЛГОРИТАМ секоја заинтересирана личност може во кое било време да започне со сопственото неформално образование.
Доволно е да има желба и иницијатива да започне со овој вид на образование, кое е прилагодливо на потребите на поединците.
Организациска структура