Монтер на гасоводна инсталација со енергетска ефикасност facebook twitter youtube

Монтер на гасоводна инсталација со енергетска ефикасност

business templates

Назив на програмата

Монтер на гасоводна инсталација со енергетска ефикасност

1.

Опис на програмата

 

После завршување на програмата, учесникот ќе биде способен да:

Сертифицирање: Монтер на гасоводна инсталација со енергетска ефикасност - прави анализа, планирање и организирање на работата, поставува и поврзува гасни водови и уреди, технолошки водови, монтира и приклучува енергетски потрошувачи на систем од инсталации со цевки, одржува гасоводни инсталации и опрема, врши заштита на работата, здравјето и околината.

 

По завршувањето на програмата, учесникот ќе се стекне со сертификат за Монтер на гасоводна инсталација со енергетска ефикасност.

Програмата вклучува теориски и практични часови преку кои учесниците ќе се стекнат со знаења и вештини потребни за оспособување да работат како монтер на гасоводна инсталација со енергетска ефикасност.


Резултатите на постигнувањата на учесниците ќе бидат оценувани на крајот од процесот на обука и ќе се базираат на јасни поставени критериуми, кои гарантираат дека учесниците ги имаат потребните способности да работат како монтери на гасоводна инсталација со енергетска ефикасност.

Клучно во програмата е активно учество на учесникот во неа.
Процесот на обука ќе биде адаптиран согласно специфичните потреби на секој учесник.
Оценувањето на крајот од обуката ќе се спроведе со комбинација на пишан, устен и практичен дел.

2.

Цели на програмата

 

Учесникот во текот на обуката во целост ќе се стекне со следниве стручни компетенции:

  • Планирање и организација на работата, самостојно и во тим;
  • Подготовка на работното место, уредите, алатот и материјалот;
  • Рационално користење на времето, материјалот и енергијата;
  • Обезбедување квалитетни услуги и извршени работи;
  • Комуникација со соработниците и клиентите, со почитување на деловните принципи;
  • Развивање на претприемачките особини, вештини и знаења;
  • Поставување и поврзување на гасоводните водови, уредите на објектот и технолошките водови;
  • Монтажа и приклучување на енергетските уреди на системот од инсталации со цевки;
  • Одржување на инсталациите на цевките и опремата;
  • Користење стручна литература и упатствата за квалитетно извршување на работата;
  • Примена на мерки за лична заштита и заштита на околината;
  • Познавање на принципи и стандарди за енергетска ефикасност на гасоводни инсталации.

3.

Планиран број на учесници во програмата

10 - 15 учесници во група

4.

Времетраење на програмата

 

Вкупен број на часови

Изразено во проценти

Теорија

70

30 %

Пракса

140

60 %

Оценување

20

10 %

Вкупно

230

 

Број на часови неделно: 10-20

Траење на програмата во месеци/години: 3-6 месеци

Цена:
13.900,00 денари