Критериум за стекнување на Меѓународно призната диплома
APID е меѓународна диплома која ученикот може да ја стекне ако има просек од 3 или повисок за положените пет или повеќе меѓународни испити од бараната комбинација. Испити кои е потребно да се положат за стекнување на меѓународна диплома се :
Двата испита од Англиски јазик или Еден испит од светските јазици во комбинација со еден испит од Англиски јазик
Еден испит од категоријата математика и наука
Еден испит од категоријата историја или општествена наука
Еден додатен испит од било која категоријата кој се води како додатен испит
Colleges and Universities that Recognize AP
AP програмата ги препознава учениците од средните училишта кои постигнале исклучително ниво на успех на AP испитите и во текот на месец септември ги наградува со специјални признанија и сертификати.
AP Scholar
AP Scholar with Honor
Диплома за почесен студент се стекнува со полагање на четири или повеќе положени AP испити на кои ученикот ќе покаже просек од 3 или повисок, или на сите испити кои ќе ги положи ќе покаже просек од минимм 3,25.
AP Scholar with Distinction
Диплома за студент со најголеми почести се стекнува доколку ученикот покаже просек од минимум 3,5 на сите AP испити кои ќе ги полага, или просек од 3 или повисок на пет положени испити.
International AP Scholar
Интернационална диплома за студент со напредно ниво на знаење се доделува на двајца ученици (по еден од секој пол) кои во текот на месец мај положиле најголем број на AP испити и притоа постигнале највисок просечен резултат. Минимален резултат за оваа категорија е оценка 3 на три AP испити.