Намалување на насилството и унапредување на безбедноста на училиштата facebook twitter youtube

Намалување на насилството и унапредување на безбедноста на училиштата

Algoritam



Намалување на насилството и унапредување на безбедноста на училиштата

Градот Скопје во септември 2011 иницираше спроведување на проектот „Намалување на насилството и унапредување на безбедноста на училиштата“ во соработка со едукативниот центар АЛГОРИТАМ. Проектот се спроведува во сите средни училишта на Град Скопје.

Основната цел е да се развијат училишни политики и програма за превенција, идентификација и третман на училишното насилство за да се придонесе кон намалување на насилството и унапредување на безбедноста во средните училишта во градот Скопје.

Проектот подразбира вклучување на целата училишна заедница во креирање и спроведување на училишна политика за намалување на насилството како и реализирање на активности кои ги вклучуваат учениците, родителите и локалната заедница во создавање услови за учење и развој преку создавање атмосфера на соживот во училиштата, потоа преку ненасилно разрешување на конфликти и преземање соодветни мерки за справување со појави на насилно однесување.


Средните училишта на Град Скопје се вклучија во проектот преку обуки кои ги реализираа обучувачите од едукативниот центар – Алгоритам, за училишни лидери од секое училиште за спроведување на програмата во училиштето. Во моментот се реализира втората фаза на проектот во која секое училиште спроведува самоевалвација која има за цел да истражи застапеност на насилството во училиштата, но исто така и кои се потенцијалите, капацитетите и добрите практики кои во училиштата се користат во превенција и справување со насилното однесување. Понатаму училиштата ќе креираат планови за акција, училишна политика и активности за поддршка на вработените, вклучување на учениците и родителите и градење партнерства со локалната заедница.