Тимот кој мисли на вашата иднина гимназија Алгоритам
Со почеток во 19 часот, денес 11 Март во Мала станица ќе биде отворена традиционалната хуманитарна изложба на детска компјутерска графика. Изложбата ќе биде отворена од организаторите: г-ѓа Маја Крстевска, директор на Националната галерија на Македонија и г-ѓа Марина Божинова, директор на Средното приватно училиште „Алгоритам центар“.
Ќе бидат изложени 750 компјутерски графики изработени од деца од предучилишна и училишна возраст, како и од деца со посебни потреби. Овие графики по завршувањето на изложбата ќе бидат подарени на болници и институции кои работат со деца со посебни потреби
Ние им го доближивме компјутерот како алатка, со која може да се изразуваат. Помогнавме, особено на децата со хендикеп, кои немале можност да се изразуваат на ваков начин, да видат дека тука светот е рамноправен со сите деца. Тие ја развиваат својата креативност, идеи, имаше толку идеи од коишто човек само може да се воодушеви
По завршувањето на изложбата графиките ќе им бидат подарени на болниците и на другите институции кои работат со деца со посебни потреби.
Извадок „ Дневник“. Компјутерски графики 2009